Кој е присутен
Има 30 гости присутниАктивност на Форумот
-
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕТРЕСКИ ВО ОУ „ЖИВКО ЧИНГО“ ВО ВЕЛГОШТИ (2)
08/31/2010 15:15 -
Зошто мора да читаме вакви работи? (2)
08/30/2010 18:56 -
Извршена кражба под закана
08/23/2010 08:13
|
Во подмножјето на планината Галичица ,на источниот дел од Охридската Котлина, се наога Велгошти. Поголемиот дел од населеното место е расположено на падините и во подножјето на ридовите: ,,На пљуска”, ,,Горни лозја”, ,,Црвени Камчиња”, ,,Олмец”, ,,Костeње”, и ,,Чардак.”На запад ,југозапад и на североисток селото е отворено кон Охридската Котлина.
...... За најстар род се сметаше родот Баракоски .Од нивмалку останаа ,им се сотре семето. Се споменува името на некој многу умен и учен Барак , Иљо Барак. Како него друг учен и умен немало ни во Битола. Исчезнал , го немало. Дали го стопиле Грците, дали на робија го однеле,дали по мориња пошол,други земји да бара, - ништо не се знае. А потоа идеа Вретовци. Од Вретовци Косте, Илко, Кроне, Глигор и Златана Вретоска. Од Костета Цветко , Тоде , Агатија, Евда и Бисета. Косте беше голем донаќин, прочуен газда. Волови ,коњи, овци, ракија , жито, и за дома и за продавање, - со се беше полна Крстевата куќа. Неслогата со синовте му ја растури куќата , се осиромаши Костевата куќа. Таткото Косте се откажа од синот Цветко, овој му беше првенка , машко. Син. Никој не може да ги помити таткото и синот. Иста крв. Помалиот Тоде замина за Австралија. Таму сега овци пасел. ... Исечок од „Пасквелија“ од Живко Чинго .
Видео:
Велгошти за Водици 2010 |
19°C 












